Џорџо Киелини останува верен на екипата на Јувентус и ќе потпише нов двегодишен договор со „старата дама“.

Имено стоперот кој беше извонреден на Европското првенство и беше меѓу најзаслужните за триумфот на Итилија обелодени дека се враќа во Торино гладен за да освои пехари.

„Сакам да подигнам уште трофеи, бидејќи тоа ве прави само погладен да го сторите тоа повторно – и носењето дрес на Јувентус без симболот на Скудето на градите претставува дополнителна мотивација. Ми требаат уште неколку дена да се одморам и да се опоравам од хаосот од минатиот месец, но во понеделник ќе бидам во Торино и сум среќен што повторно ќе започнам,“ -порача Кјелини кој во Јуве е од 2005 година и досега има освено многу титули, дадено 36 голови и запишано 24 асистенции.