Лионенел Меси синоќа ја освои шестата „Златна топка“ награда која ја доделува France Football за најдобриот фудбалер на светот. Аргентинецот е сега осамен на првото место и има освоено шест рекордни Златни топки пред Роналдо кој има пет.

Роналдо не присутствуваше на свеченото доделување што беше назнака дека нема да ја освои. После церемонијата се огласи и дефанзивецот на Јувентус, Џорџо Киелини, кој изјави дека на Роналдо му е украдена наградата.

„На Роналдо му е украдена Златната топка за минатата година, откако Реал Мадрид се погрижи за тој да не ја освои и ова е навистина чудно. Целата моја почит за Модриќ кој ја одигра најдобрата сезона во неговата кариера, но тој не ја заслужи Златната топка. Тоа беше знак од Реал бидејќи сакаа да го запрат Роналдо да освојува награди“- изјави Киелини.