Интер и Јувентус се во уште една пресметка на трансфер пазарот, Федерико Киеза од Фиоренитна е желба на двата клуба.

Киеза во интервју за Кориере дело Спорт потврди дека понуди има, но не и преговори, негова преокупација во моментов е само Фиорентина.

„Во моментов нема преговори, има само Фиорентина. Јас сакам да напредувам, да ја подобрам мојата игра, за Интер и Јувентус засега не знам, има време, сите опции се отворени“ – изјави Киеза за Кориере дело Спорт.