Напаѓачот Федерико Киеза ја напушти Фиорентина и кариерата ќе ја продолжи во актуелниот италијански првак Јувентус.

Иако ниту еден од двата тима официјално се уште не го потврди трансферот,  официјалниот сајт на Серија А покажува дека „старата дама“ го пријавила договорот со 22- годишниот напаѓач што значи дека зделката е завршена.

Според СкајСпорт, Киеза пристигнува во Јувентус како позајмен играч со клаузула неговиот догтовор да може да биде откупен за 50 милиони евра.

Во меѓувреме, Јувентус официјално соопшти дека дефанзивецот Матија Де Шиљо се преселил на позајмица во Лион. Тој во Торино мина три сезони, а претходно шест години го носеше дресот на Милан.