Шпанскиот фудбалски стручњак Кике Санчез Флорес е новиот тренер на Хетафе, потврди клубот од предградијата на Мадрид.

Ова е третпат Флорес да го предводи Хетафе како тренер.

На клупата го смени Мичел, кој доби отказ пред неколку дена.

Покрај Гетафе, Флорес во кариерата ги тренираше Валенсија, Бенфика, Атлетико Мадрид, Ал Ахли, Ал Аин, Ватфорд, Еспањол и Шангај Шенху.