Дарко Чурлинов од Келн се пресели во Штутгарт во јануарскиот преоден рок, дебитираше за својата нова екипа, „Кикер“ вели дека делува самоуверено, трпеливо ја чека својата шанса.

Македонскиот репрезентативец против Регенсбург ги одигра првите минути за Штутгарт, според „Кикер“ делувал убедливо.

„Тоа што го покажува на тренинг го покажа и на својот дебитантски настап, тој е добар дриблер, делува убедливо, тоа го покажа брзо откако доби шанса за настап“ – коментира Кикер.

 

Чурлинов е најмладиот дебитант во историјата на сениорскиот А тим на Македонија, има голема шанса да стане новиот Дарко Панчев и Горан Пандев на македонскиот фудбал.