Повеќе од три години Килијан Мбапе се поврзува со трансфер во Реал Мадрид а последната информација околу желбите на французинот директно ја засега и иднината на Еден Азар во тимот на Зидан.

Според „Ас“ Мбапе сака да игра како лев крилен напаѓач во Реал Мадрид, позиција која му е загарантирана на Еден Азар кој пак поради низа повреди почесто е на рехабилитација околку во првиот тим.

Мбапе би го чилен Реал Мадрид околу 170 милиони евра ова лето, а ако не потпише нов договор во јуни 2022 година „Кралевите“ ќе треба само да се договорат за платата со талентираниот напаѓач.

Мбапе сака во иднина да игра на левата страна од теренот, нешто во ПСЖ го има во зависност од стратегијата и од формата на Нејмар.