Фудбалерот на Баерн Минхен Џошуа Кимих ќе биде казнет затоа што не сакал да се вакцинира против корона вирусот.

Џошуа Кимих моментално е во карантин и е во изолација откако бил во контакт со лице позитивно на корона вирусот.

Како што тврдат во германскиот гигант, бидејќи Кимих ја одбил вакцината, клубот не е должен да му исплати пари за времето поминато во карантин!

Сега можеше да остане без речиси 800.000 евра. Поточно, Баерн нема да му исплати 768 илјади од планираните 20 милиони годишна плата, а причината за тоа е едноставна – не може да игра и да тренира со други фудбалери!