Откако беше обелоденето дека Давид Алаба ќе го напушти Баерн Минхен ова лето и ќе се пресели во Реал Мадрид, одлуката на левиот бек ја прокоментира неговиот соиграч од „Баварскиот“ клуб, Џошуа Кимих.

„Тој освои се што можеше да се освои тука. Би рекол дека Реал Мадрид во најмала рака е клуб за почит. Нема многу места во кои може да се одите по Баерн Минхен, но Реал Мадрид воопшто не е лош избор.“ – изјави Кимих.

Алаба се согласи да премине во Реал Мадрид каде ќе заработува по 11 милиони евра годишно во следните четири сезони.