Во дерби мечот на 7 коло од Премир лигата Манчестер Јунајтед и Арсенал одиграа 1-1, а поранешниот капитен на „црвените ѓаволи“ Рој Кин смета дека на Јунајтед следниот период ќе му биде уште потежок, иако даде подршка за менаџерот Оле Гунар Солскјер. Англискиот гигант прв пат по 1989 година не успеа по првите 7 меча да освои барем 10 поени.

„Му дадоја договор на Солскјер и раководството мора да го подржи во овие тешки момент. Реално, за добри резултати потребно е верба и квалитет, а Јунајтед во моментот ги нема ни двете, иако очигледно се трудат“- заклучи Кин.

„Црвените ѓаволи“ својот нареден меч го играат во четврток на гостувањето кај АЗ Алкмар во рамки на Лигата на Европа.