Раководство на Ла Лига во знак на поддршка на кинеската борба со коронавирусот ќе оствари средба со екипата на Вухан Зал, која е од градот Вухан – епицентарот на коронавирусот.

Екипата на Вухан Зал во Шпанија допатува во декември, за да се подготви за новата сезона на кинеската Суперлига. По почнувањето на епидемијата на коронавирусот, раководството на клубот реши да не се враќа во Кина.

Играчите, тренерите и раководителите на Вухан Зал ќе бидат гости на претстојното „Ел Класико“, на 1 март.