Во третата лига на Хрватска во фудбал се одигра локално дерби меѓу Неретванац и Неретва, имаше неколку илјади навивачи, меѓу нив и група на Кинези.

Кинезите дошле на натпреварот да навиваат за Неретванац, работат во Хрватска на изградба на мостови, а на транспарентот пишуваше:

„Ние ја сакаме Хрватска, градиме мостови на пријателство“

На спротивната страна ги пречека транспарент од навивачката група на Неретва, познати како „Blue White Killers“, политички со порака:

„Хонк Конг не е Кина“

На ваквата порака, присутните Кинези не реагираа, веројатно се навикнати на вакви Балкански работи.