Актуелниот менаџер на Њукасл, Рафа Бенитез има неверојатна понуда од Кина, како што пренесува „ББЦ“, клуб од Суперлигата на оваа земја понудил 13,5 милиони евра годишна плата за шпанскиот стручњак.

Според „ББЦ“ станува збор за клубот Далијан  Јифанг кој сака да го доведе Бенитез на клупата на кого му истекува договорот со Њукасл кој крајот на овој месец. Оваа понуда тешко ќе ја одбие  Бенитез кој во Њукасл е три години на клупата, медиумите од Англија предвидуваат дека Шпанецот со сигурност се сели во Кина.