Фудбалерот на германскиот фудбалски тим Баерн Минхен, Кингсли Коман не е посериозно повреден откако се повреди на натпреварот против Тотенхем.

На мечот против лондонскиот тим фудбалерот на Баерн мораше да биде заменет поради повреда на коленото.

За среќа на фудбалерот и тренерот Нико Ковач, деталните лекарски прегледи покажаа дека не станува збор за посериозна повреда.

„По деталните прегледи извршени од страна на докторот Ханс-Вилхелм Милер – Волфхарт, станува збор за мал оток во пределот на коленото. Враќањето на Коман на тренинзите се очекува во текот на утрешниот ден“ објави Баерн Минхен на официјалната веб-страна.

Според информациите Французинот ќе биде подготвен за стартот на новата сезона во Бундес Лигата и премиерниот меч на „Алијанц Арена“ во Минхен против Херта на 16 август.