Англискиот фудбалски репрезентативец и член на лондонски Тотенхем Киран Трипие се сели во Шпанија.

Официјално Трипие ќе биде нов член на  шпанскиот фудбалски клуб Атлетико Мадрид.

Атлетико плати обештетување од 20 милиони фунти по што фудбалерот стана нов играч на тимот од „Ванда Метрополитано“.

Тренерот Диего Симеоне беше во потрага по десен бек откако Хуанфран го напушти Атлетико Мадрид оваа лето и вистинската замена ја најде во Лондон.