Екипата на Скопје по пауза од три години конечно се враќа во првата лига.

„Пиратите“во саботата со триумфот над Охрид од 2-0 и официјално го заверија пласманот на првото место и враќање во елитата по три години пауза.
Скопје има 11 бодови предност пред второпласираната екипа на Охрид на две кола пред крајот и сосема заслужено ке се најдат во првата лига следната сезона.

Искусниот напаѓач Христијан Кировски оваа година премина од Гостивар во Скопје и беше прва виолина на тимот од Автокоманда.

“Па, сметам дека бевме најдобри оваа сезона во западот, одигравме најдобро, имавме најквалитетен тим. Кога покрај себе го имаш еден од Љупчо Марковски – Калц, еден од нашите најдобри тренери, агилна управа која просто живее за клубот, тогаш се е полесно. И сега се гледа дека не погрешив што во јануари од Гостивар се вратив во мојот омилен клуб. Да кажам дека ВМФЛ – ЗАПАД е многу тешка лига за играње, има незгодни гостувања, но ние ги пребродивме сите искушенија и затоа сме тука каде што сме“ вели Кировски.

Околу пласманот и улогата на Скопје во ПМФЛ следната сезона Кировски има свој убедувања и размислувања.

“Видете, нови ветришта дуваат во клубот во последно време. Сметам дека можеме да засилиме со 3-4 квалитетни имиња и така да го надоградиме овој квалитетен состав што го имаме. Целта е јасна, а таа е да не играме епизодна улога, да бидеме некаде во средината од табелата, па и некое место погоре. Но за тоа потоа. Најважно е што Скопје го вративме таму каде што припаѓа“ заклучи “бомбардерот“ Кировски.