Прволигашот Шкупи спогодбено го раскина договорот со Булент Акин и тоа по само два меча клупата на тимот од „Чаир“.

На негово место е ќе застане Ќатип Османи кој на стартот од оваа сезона го раскина договорот со Шкендија. Тој беше дел од Шкендија во последните сезони, со која освои две шампионски титули и еден трофеј. Исто така го водеше тимот на Ренова во текот на кариерата, освојувајќи вкупно три шампионски титули, трофеј во Купот и Супер купот.

Османи своето деби ќе го има во недела на гостувањето кај лидерот на табелета тимот на Академија Пандев.