Македонскиот фудбалски првак, Шкендија со победа го почна европското лето откако вечерва славаше на гостувањето кај Номе Калју со 1:0 со голот на Ибраими од пенал. По ова очекувано предводникот на црвено-црните, Ќатип Османи беше задоволен од резултатот но предупреди дека ништо не е завршено во првото коло од квалификациите за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите на УЕФА.

„Секако дека е убаво кога европските настапи ќе ги започнете со победа иако морам да потенцирам дека можевме да дојдеме и до поубедлив триумф. Секако ова е прв наш евроспки натпревар ова лето и важна ние е оваа победа.“

„Сега не треба да дозволиме овој триумф да не залажува, работата мора да ја завршиме за една седмица на домашен терен и да се пласираме во следното коло“ – изјави Османи, тренерот на Шкендија.