Според Дејли Експрес, Манчестер Јунајтед приорема нов договор за Пол Погба.

Ако ја прифати понудата, францускиот играч од средниот ќе стане најплатен играч во историјата на англискиот фудбал. Имено, според изворите на Дејли Експрес, неделната плата би требало да му биде 470 илјади фунти.

Најголема плата до оваа сезона во Англија имаше Кевин Де Брујн, кој заработува околу 400 илјади фунти неделно. Сега најплатен е Кристијано Роналдо со 450 илјади фунти неделно.

Погба оваа сезона ја започна и повеќе од одлична. Во првите пет кола има седум асистенции.