Херта го пречекува Штутгарт во 4 коло од Бундес лигата во денешниот попладневен теремин од 15:30 часот.

Тренерот на гостите Матаразо на претходните три натпревари го задржи Дарко Чурлинов на клупата за резерви и не му даде ни една минута, по оние 27 на тренот во победата против Ханза Росток во Купот на Германија.

Нашиот репрезентативец постигна два прекрасни гола против Казахстан во евроквалификациите и ова може да е доволна препорака денеска да добие барем некоја минута против Херта.

Во оваа сезона се уште ги чека првите минути во Бундес лигата.