Информацијата дека Давид Алаба по крајот на сезоната ќе го напушти Баерн Минхен и ќе се приклучи на Реал Мадрид веќе подолго време не е знак на прашање, туку се зема како точна, а сега се појавија и детали за трансферот.

Алаба на лето станува слободен играч и ништо не го спречува да се приклучи на некој од заинтересираните клубов. Потврдено е од порано дека Реал Мадрид е опцијата која ја сака, односно дека ја отфрлил можноста за премин во ПСЖ и Челзи.

Шпанскиот клуб на Алаба му нуди четиригодишен договор, а Алаба е фудбалер кој може да го користат на повеќе позиции во дефанзивата, но и во средниот ред. Подготвени се да му даваат плата од 12 милиони евра по сезона.