Фудбалерите на Специја обезбедија пласман во финалето на плеј-офот за пласман во италијанската прва лига, откако синоќа го елиминираа Киево.

Специја славеше со 3-1 што беше доволно да ја анулира негативата од 2-0 од првиот натпревар поради подобриот пласман пред Киево во регуларниот дел од сезоната во Серија Б.

Специја, за која во минатото играа Горан Пандев и Ацо Стојков, досега никогаш во својата историја долга 114 години, нема играно во Серија А.

Последната пречка пред Специја за историски подвиг ќе бидат Портедоне или Фросионе кои вечерва го играат реванш натпреварот. Фросионе има предност од 1-0 од првиот натпревар.

Пласман во италијанската Прва лига веќе обезбедија Беневенто и Кротоне.