Фудбалерот на Астон Вила, Џон Мекгин е во радарот на германскиот тренер на клупата на Ливерпул. Меѓутоа проблем би можела да биде отштетата која би изнесувала околу 50 милиони евра.

Поради тоа Клоп би морал да продаде некои играчи, а меѓу нив први на листата се Ориги, Грујиќ, Вилсон, Вилијамс, Шаќири…

Доколку се оствари овој трансфер, Шкотот би бил директна замена за Вајналдум, кој направи трансфер во ПСЖ.

Мекгин наводно го импресионирал Клоп во текот на првиот натпревар меѓу овие два тима оваа сезона кога Вила славеше со неверојатни 7:2.

Некогашниот фудбалер на Хиберниан, во текот на минатата сезона запиша 37 настапи во Премиер лигата, на кои постигна три гола и имаше шест асистенции.