Натпреварите од последното коло во португалскиот шампионат ќе се играат пред ограничен број навивачи, објави Фудбалската федерација на Португалија.

Капацитетот ќе биде ограничен на 10 проценти, а пристапот до стадионот ќе биде дозволен само за домашни навивачи кој ќе дадат негативен резултат на брз тест на ковид 19.

Средбите од последните коло претставуваат тест мечеви, чија цел е да се овозможи враќање на навивачите на стадионите.

„Одлуката е донесена после наколку состанови на Португалската лига и Фудбалската федерација на Португалија со телата за јавно здравје и владата, кои се интензивираа последниве недели“– објавија од Федерацијата.

Натпреварите од последното коло се на распоредот на 19 мај, а титулата првак веќе ја обезбеди Спортинг од Лисабон.