Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис не е задоволен од тоа како игра неговиот тим оваа сезона и во зимскиот преоден рок планира да го засили тимот со четири нови имиња но и да продаде четворица.

Според „Газета Дело Спорт“ на листата на Де Лаурентис се Ерилнг Халанд, Алекс Грималдо, Сандер Берг и Златан Ибрахимовиќ. Од Наполи ќе си заминат, Инсиње, Мертенс и Алан а можна е продажба и на Каљехон.

Со ова продолжува турбулентниот период во тимот каде што игра Елиф Елмас. Засега нема потврда за промена на позицијата на Карло Анчелоти иако се најавуваше заминување на Италијанецот од клупата на Наполи.