Јувентус следното лето би можел да има доста проблеми околу задржувањето на Федерико Киеза во своите редови, пишува Калчомеркато.

За младиот Италијанец заинтересиран е Челзи, кој ова лето беше подготвен да плати 100 милиони евра за него, но до сериозни преговори воопшто не дојде. Англичаните наводно се подготвуваат да тргнат во офанзива следното лето, кога се надеваат дека би можеле да го убедат Јувентус да го продаде, а и да го убедат Киеза да замине во Англија.

Европскиот првак не единствениот тим кој го сака Киеза, наводно за еден од најдобрите играчи на Јуве, ако не и најдобар, заинтересирани се и Баерн Минхен и Ливерпул, клубови кои го гледаат како идеален лидер во иднина.

Но, ситуацијата не е ниту малку едноставна. Киеза туку што тргна во втората сезона од позајмицата во Јувентус од Фиорентина. Јувентус во првата плати два милиони, оваа осум, а на крајот на сезоната мора да го откупи за 40 милиони евра.