Постои голема веројатност да се одложи реванш-натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите, меѓу Барселона и Наполи. Причините се истите поради кои претходно се одложени и средбите меѓу Севиља и Рома и меѓу Интер и Хетафе – властите на Шпанија не дозволуваат слетување и полетување на авиони кон и од Италија.

Како што пишува Diario Sport, шпанските власти нема да дозволат авионот со фудбалерите на Наполи да слета во Барселона. Исто така, пропаднаа и обидите Наполи да допатува со лет преку Франција или преку Португалија, бидејќи и овие две земји не го дозволуваат слетувњето.

Овој натпревар според сегашниот распоред треба да се игра на 18 март.