Извлечени паровите од четвртфиналето на Купот на Македонија.

Таму фановите ќе уживаат во вечното македонско дерби меѓу Пелистер и Вардар.

Иако и двата клуба не се на нивото на кое биле, сепак се очекува пред се поради имињата, да биде интересен дуел. Битолчани се последни во елитата, а Вардар пак е второлигаш.

Двојки од четвртфиналето на Купот на Македонија:

Пелистер – Вардар

Силекс – Брегалница

Шкендија- Струга Трим Лум

Македонија Ѓорче Петров- Шкупи

Натпреварите се играат на 24. ноември со почеток од 13:00 часот.