Реакциите околу автобиографијата на Џорџо Кјелини не стивнуваат, а посебна прашина се крена околу финалето од Лигата на шампиони во 2017 години и поразот на Јувентус од Реал Мадрид со 4-1, каде индиректно Италјанецот ги обвинува Манџукиќ и Пјаниќ за поразот.
„Нема што многу да се зборува за тоа финале. Ништо посебно не се случи на полувреме, едноставно бевме уморни. Изгубивме, Манџукиќ не можеше да оди, како и Пјаниќ“-напиша Кјелини.
Хрватот беше стрелец на единствениот гол за Јувентус, а во вториот дел „кралевите“ со фуриозна игра и три погодоци стигнаа до насловот во шампионската лига.
Comments are closed for this post.