Дефанзивецот на Јувентус и легенда на клубот од Торино, Џорџо Кјелини,следната недела ќе објави автобиогравска книга, говореше за својата кариера, противниците, пријателите од клубот…

Кјелини во книгата говори за многу детали од својата кариерата, ги издвои Интер и Балотели.

„Интер го мразам најмногу, секако на спортски план, тие што го сакаат фудбалот ќе ме разберат што сакам да кажам. Балотели е негативен човек, идивидуалец, себичен и не е посветен на тимот, тоа го осетив кога игравме заедно во репрезентацијата, тој не е меѓу најдобрите напаѓачи на светот, никогаш не бил позитивен човек“ – говори меѓу другото Кјелини во својата книга.

Кјелни потенцира дека омразата на спортски план е една работа, надвор од теренот е пријател со многу играчи на Интер, го издвои Хавиер Занети како голем спортсмен, и човек кој прв му се јавил со поддршка по последната повреда.