Дефанзивецот на Јувентус, Џорџо Кјелини изминатиот период беше во фокусот на вниманието со изјавите за карактерот на Балотели и Фелипе Мело.

Кјелини збореше за темпераментот и карактерот на Балотели и Фелипе Мело во својата книга, сега изјави дека напишал нешто што сите го знаеле.

„Јас не сум лицемерен, го кажав тоа што сите веќе претходно го знаеа, стојам зад секој свој напишан збор во книгата за Балотели и Мело, тие се такви и тука нема ништо спорно“ – изјави Кјелини.