Искусниот репрезентативец на Италија и догогодишен член на Јувентус, Џорџо Кјелини сепак ќе остане во составот на „Старата Дама“ и во новата сезона.

Откако договорот му истече пред еден месец, Кјелини остана во преговори со клубот од Торино, по што по последната најава од „Кориере Дело Спорт“, тој прифатил помала плата и едногодишна соработка.

Ова треба да биде официјализирано наскоро, што ќе наиде на голем поздрав од навивачите на Јувентус.

Кјелини во новата сезона се очекува да има епизодна улога во тимот на Јувентус.