Капитенот на Јувентс, Џорџо Кјелни во разговор за „Кориере дело спорт“ истакна дека Интер се уште не може да се отпише од трката за Скудетото, кое продолжува на 20.јуни.

Јувентус во преостанатиот дел од сезоната е во борба за три трофеи, Купот на Италија, Серија А и Лигата на шампиони. „Старата дама“ веќе во петок ќе се обиде да стигне до финалето во Копа Италија, доколку во реванш мечот го елиминира Милан.

„ Подобро е да стигнете до финале и изгубите, отколку да бидете елиминирани порано. Што се однесува за Скудетото, мислам дека Интер не смееме да го отпишеме. Девет поени предност во овие околности не е ништо“- изјави Италјанецот.