Македонија вечерва на „Тодор Проески“ го дочекува Израел во натпревар од последното коло од квалификациите за ЕУРО 2020.

Позициите се јасни, Ангеловски и неговите избранциите најавија триумф за освојување на третото место во групата.

Поранешниот репрезентативец на Македонија, Панче Ќумбев очекува победа и поддршка пред се за играчите како Стојановски и Костадинов.

„Со оглед на тоа што ги загубивме шансите преку квалификациите да обезбедиме Европско првенство, овој натпревар ќе биде за престиж и за можеби шанса да се пласираме на трето место во групата.

Израел е секогаш незгоден за нас,посебно кога играме дома. Немаме победа над нив на домашен терен и сега ете можеби е дојден тој момент. Иако бевме со големи амбиции во овие квалификации сепак реалноста е сосем нешто друго.

Австрија и Полска заслужено се пласираа на европското првенство. За волја на вистината имаме добра репрезентација и можеби шансата за нас е преку Лигата на нации.

Но мораме да бидеме и реални и да кажеме дека од конкурентите за пласман само Словенија ја победивме и игравме нерешено со Израел и Словенија. Со таков скор не се оди на Европско.

Како и да е вечер очекувам победа и конечно да ја поразиме репрезентацијата на Израел на домашен терен. Од последниот натпревар со Австрија мора да се издвојат Стојановски и Костадинов.

Стојановски покажа дека не случајно направи голем трансфер за наши услови и од нашата ПМФЛ  директно отиде во Лига 1 – Франција.

Мислам дека заслужува повеќе внимание и шанса затоа што покажа дека знае да ја искористи.

Нека ова биде тест за нашиот главен предизвик, Лигата на нации.“

Панче Ќумбев за Дриблинг.мк