Панче Ќумбев е поранешен репрезентативец на Македонија, играше во Полска за Гроцлин и Легија.Тој во моментов е во Варшава, ангажиран е од државната телевизија на Полска како аналитичар за мечот меѓу двете селекции.

Во интервју за „ТВП Спорт“, Ќумбев потенцира дека Македонија игра во врвна форма, има одличен среден ред и одбрана, доколку Полска не постигне гол во првите 20 минути од мечот, Македонија нема да загуби.

„Македонија е во форма, го покажа тоа против Словенија, ако Полска не постигне гол во првите 20 минути, тешко дека ќе победи. Елмас прераснува во лидер и полека го заменува капитенот Пандев, имаме одличен среден ред кој може да и парира на Полска, супер бекови кои се трансформираат и во играта од нападот. Димитриевски брани во добра форма, го потврди тоа против Словенија, тој е важен играч во составот, двете селекции сакаат победа, но сметам дека нерешено ќе биде добитна комбинација за Полска и Македонија“ – анализираше Ќумбев за ТВП Спорт.

Лидерот Полска ќе игра внимателно против Македонија, во нападот го најави само Левандовски што е знак дека многу внимателно влегуваат на оваа средба.

Полска и Македонија ќе играат вечерва од 20-45 часот, Националниот стадион во Варшава е распродаден.