Фудбалерот на Рома, Џастин Клајверт, син на легендарниот напаѓач на Барселона и на Милан, Патрик Клајверт, призна дека фудбалот не му е прва љубов, но што можел да направи кога пораснал во семејство на фудбалери.

„Првично сакав да играм тенис, и размислував за тенисот по цели денови а не за фудбалот. Но мојот татко и мојот брат веќе имаа играно фудбал и едноствано пасијата за овој спорт доаѓа природно, по автоматизам. Се сеќавам на првиот пат кога паднав и ги изгребав колената на асфалтот од улицата каде што игравме како деца, тоа е период кој е многу важен за мене.“ – изјави Џастин Клајверт.

Младиот напаѓач пристигна во Рим во 2018 година од Ајакс за трансфер оштета од 17.5 милиони евра. Досега за „Римската Волчица“ одигра 62 натпревари, постигна девет голови и десет асистенции.