Поранешниот судија во Премиер лигата, Марк Клатенбург се приклучи во дебатата за тоа дали Манчестер Јунјтед беше или не беше оштетен за пенал во дербито со Челси.

„Вчудоневиден сум од фактот дека Манчестер Јунајтед не доби пенал во првото полувреме за очигледното играње со рака од Калум Хадсон Одои. Раката на играчот на Челси беше во неприродна позиција и ја удри топката. ВАР судијата Крис Кавано сметаше дека главниот судија, Стујард Атвел не го виде очигледниот пенал, па му даде можност да ја види целата ситуација преку мониторот на теренот. Како Атвел не покажа на белата точка, кога го виде инцидентот до сите агли е мистерија.“ – изјави Клатенбург.

Дербито во Лондон заврши без победник, но реакциите продолжуваат.

Левиот бек на Јунајтед, Лук Шо изјави дека Мегваер од Атвелд добил објаснување дека не досудил пенал поради можните реакции во јавноста по завршувањето на натпреварот.