Англискиот фудбалски тим Њукасл објави дека шпанскиот стратег Рафаел Бенитез го напушта овој англиски премиерлигаш.

Поради тоа се бара замена за човекот кој повторно ја врати екипата на победнички стази.

„Sky Sports“ денеска објави, Клаудио Раниери е најблиску да ја превземе клупата на Њукасл.

Искусниот италијански тренер сака да се врати во Англија по кратката епизода во Серија А.Претходниот ангажман во Англија овој 67-годишен тренер го имаше во првиот дел од минатата сезона кога го водеше Фулам. Сепак, поради лошите резултати на крајот доби отказ.