Големиот талент на Барселона Педри наскоро ќе потпише нов договор со клубот од Каталонија. Фудбалерот и клубот ги договориле сите детали од договорот, кој ќе биде до 2026-та година.

Со овој договор Барса го врзува својот играч од средниот ред, со оглед на тоа што ќе откупна клаузула од дури една милијарда евра.

Барселона го купи Педри кога имаше 16 години од Лас Палмас за пет милиони евра во септември 2019 година.

Летото 2020 година, фудбалерот од средниот ред се приклучи на каталонскиот тим и речиси веднаш стана стандарден првотимец. На почетокот на оваа сезона, Педри се повреди и во моментов закрепнува.