Легендарниот Јирген Клинсман по нешто повеќе од два месеци седна на клупата на Херта, но од денес тимот од Берлин е без тренер.

Поранешниот селектор на САД си поднесе оставка по несложувањата со раководството на овој тим и серијата лоши резултати кои ги бележеше Херта во последниот период.

„Секогаш најважна ми беше довербата од челните лица на клубот. Но, овојпат не беше така со Херта. Ако нема хемија и согласност со раководството, тогаш јас не можам да го исполнам својот тренерски потенцијал. Со самото тоа и не можам да имам одговорност за резултатите. Затоа се решив да си заминам од овој клуб“-истакна Клинсман.

Клинсман во Херта остана само 76 дена, а на девете натпревари забележа само три победи.