Се повеќе познати фудбалски работници и легенди влегуваат во јавна расправија за тоа дали Меси ја заслужи Златната Топка или некој друг требаше да биде награден.

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп повеќе од два месеци јавно лобираше за Салах кој според него е најдобриот играч во моментов, но има и други кои се пред Меси.

„Изненаден сум поради позицијата на Салах. Ако не му ја дадете Златната Топка на Левандовски, тогаш не ја давајте воопшто. Салах требаше да биде подобро пласиран, тоа е дефинитивно.“ – вели Клоп.

Пред Сахал во бројот на освоени гласови беа Меси, Левандовски, Бензема, Канте, Жоржињо и Кристијано Роналдо.