Ливерпул игра неверојатно сезонава, во Премиерлигата уште од сега многумина ги прогласија за шампиони, ја бранат титулата во Лигата на шампионите од минатата сезона.

Првата средба во нокаут фазата секогаш е тешка за играње, тоа го знае и Јирген Клоп, смета дека Атлетико е екипа која знае како треба да се игра на вакви мечеви.

„Атлетико е одлично организирана екипа, добро подмачкана фудбалска машина која знае што сака. Симеоне е доличен тренер, темераментен, знае што сака, ова е тежок натпревар за нас“- изјави Клоп.

Дуелот во Мадрид, меѓу Атлетико и Ливерпул започнува од 21 часот.