Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп призна дека овогодинешната претстава и форма во Англија се доказ дека актуелниот првак не заслужува пламан во Лигата на шампиопните за следната сезона.

Клоп ова го резонираше по денешното реми со Њукасл во Премиер лигата о 1:1 во кое противникот постигна гол во судиското продолжение.

„Секогаш го повторувам ова, или заслужуваме или не. Денеска видов дека не заслужуваме да играме во Лигата на шампионите. Има уште пет натпревари, ќе видиме што може да направиме, имаме време за дуелот со Јунајтед, но ќе биде тешко.“ – изјави Клоп.

Во следното коло од Премиер лигата, Ливерпул на 2 мај му гостува на лутиот ривал Манчестер Јунајтед.