Вирџил Ван Дајк има сериозна повреда на лигаментите, се лицитира со временскиот период на отсуство од терените, прогнозите не се оптимистички.

Јирген Клоп доби лоши вести за Холанѓанецот, се предвидува дека повредата ќе го одалечи цела година од натпреварите, најверојатно ќе го пропушти и ЕУРО.

Ливерпул ќе мора да бара замена за Ван Дајк веќе во зимскиот преоден рок, Холанѓанецот се повреди на дуелот против Евертон кога врз него стартуваше голманот Пикфорд.