Ливерпул го победи Челси со 2-0, двата гола се дело на Садио Мане, домашните останаа со игра помалку во финишот на првиот дел.

Главниот судија Пол Тирни му додели црвен картон на Кристенсен во финишот на првиот дел, резервите на Ливерпул му аплаудираа, тоа го налу Јирген Клоп кој ги искара своите играчи од клупата.

„Дали сте нормални, што ви е на вас, ние никогаш не го правиме тоа“ – им се обратил Клоп на резервните играчи, пренесоа новинарите од Англија.