Одбраната беше горлив проблем за Ливерпул оваа сезона. Затоа и пред да почне преодниот рок, Јирген Клоп реши да го засили централниот дел во одбраната.

Во прашање е стоперот на Лајпциг, Ибрахима Конате, за кого ќе платат 40 милиони евра.

Толку изнесува откупната клаузула за францускиот дефанзивец и веќе е направен договор меѓу двете страни за потпис на договор до 2026 година.

Велиме двете страни, бидејќи Лајпциг не се прашува, затоа што од Енфилд ја активираа откупната клаузула.

Се би требало да биде официјално наредниве неколку недели.

Конате со одличните игри во Лајпциг го привлече вниманието на бројни клубови, но Ливерпул беше најбрз како би ги решил проблемите во дефанзивата, па покрај него во дефанзивата ќе ги има опоравените Вирџил Ван Дајк, Џо Гомез и Џоел Матип за наредната сезона.