Ливерпул вечерва го пречекува Митјиланд во Лигата на шампионите, секако екипата од Англија е апсолутен фаворит на мечот но Јирген Клоп смета дека нема да биде воопшто лесно.

Ова е натпревар од Групата Д, Данците во првото коло запишаа пораз од Аталанта дома со 4-0.

„ Ние нив не ги гледаме како мал клуб, тие се противник како и секој друг, не се во Лигата на шампионите зошто доаѓаат од убав град, тие заслужија да бидат тука. Знаеме дека нема да излезат со „бело знаме“, ќе играат мотивирано,  и ќе дадат сè од себе. Мали тимови во Лигата на шампионите нема“ – изјави Клоп.