Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп ја оспори судиската одлука со со која во самиот финиш на дербито против Евертон му беше поништен гол на Хендерсон поради наводен офсајд.

Клоп по дербото во кое градските ривали го поделија пленот играјќи 2-2 индиректно посочи дека судиите им ја ускратиле победата на „црвените’.

Можеби некој ќе ми објасни што се случи во таа ситуација, но јас тука не видов офсајд. Беше офсајд само поради тоа што некој реши да биде офсајд“, изјави Клоп.