Плејмејкерот на Реал Мадрид и Шпанската репрезентација, Иско би можел на лето да го засили Европскиот првак Ливерпул. Со оваа информација излезе „Ел Десмарк“.

„Црвените“ сезонава убедливо се најдоминантниот тим во Европа, иако играат без класичен плејмејкер по трансферот на Кутињо во Барселона. Сепак, таа дупка Јирген Клоп планира да ја пополни, а прва негова желба е фудбалерот на „кралевите“.

Иско последната година не е стандарден во Реал Мадрид, а пред неколку месеци изјави дека сака да си замине, ако не добива повеќе шанса. Тој дојде од Малага во 2013 година и беше еден од носителите на играта на „кралевите“ кои освоија четири титули во Лигата на шампиони во последните пет години.