Манчестер Јунајтед  го порази Ливерпул со 3-2 во ФА Купот, Јирген Клоп го призна поразот и потврди дека неговиот тим не одиграл на врвно ниво.

Салах постигна два гола за Ливерпул но Бруно Фернандеш со маестрален гол го сруши противникот.

„Имаше многу добри работи но и грешки околу голот. Ако сакате да победите овде мора да одиграте најдобро што знаете,  ние не одигравме така. Направивме грешки при головите, при првиот гол не се заштитивме, имавме проблеми во контранападите, а и не ги искористивме нашите шанси, поразот беше неминовен“ – призна Клоп.